Дома Трансфер зона Во Наполи понудата е спремна – 30 милиони евра плус играч!

Во Наполи понудата е спремна – 30 милиони евра плус играч!

Започна офанзивата на Наполи на одличниот офанзивец.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“ екипата на Наполи испратила понуда од ПСВ за Мексиканецот, Ирвинг Лозано.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Младиот Мексиканец одигра одличен Мундијал, а со добрите натпревари продолжи и во дресот на ПСВ оваа сезона, поради тоа голем број клубови покажаа интерес за Лозано.

Еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис е Наполи. Според информациите на „Газета“ клубот од „Сан Паоло“ испратил понуда до ПСВ вредна 30 милиони евра, но и Амин Јунес. Германецот кој е под договор со Наполи, но запиша само еден настап во Серија А оваа сезона.

Јунес блескаше во Ајакс минатата сезона, па поради тоа би можел да биде интересен за холандскиот клуб.

Лозано во тековната сезона запиша 17 настапи и постигна 11 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…