Ливерпул дефинитивно остана на ставот дека Мохамед Салах не е на продажба.
Во претходните денови медиумите од Саудиска Арабија пишуваа за притисок од Ал Итихад Ливерпул да го пушти Салах, додека Клоп повторуваше дека за него таа тема е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот стратег пред неколку дена истакна дека секоја понуда за Салах која ќе дојде ќе биде одбиена, па така и се случи.
Денес Ал Итихад испратил понуда вредна 100 милиони фунти плус бонуси, но одговорот бил „не“. Образложението од Ливерпул било кратко – Салах не е на продажба.
Liverpool have rejected formal bid from Al Ittihad for Mohamed Salah: £100m plus add-ons proposal turned down as per @David_Ornstein, insisting he’s not for sale 🚨🔴🇸🇦 #LFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2023
Proposal was also including huge add-ons but Liverpool want Mo to stay. pic.twitter.com/Xnh6XFOevd