Кога Канте го напушташе Лестер овој клуб доведе човек кој требаше да биде негова замена, но тој целосно разочара.
Нигериецот, Вилфред Ндиди минатата зима пристигна од Гент во Лестер бидејќи во редовите на „лисиците“ проценија дека токму тој може да биде наследник на Канте кој премина во Челзи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа се покажа дека младиот фудбалер од средината е далеку од тоа ниво.
Ндиди заблеска само против Ливерпул кога успеа да одземе 11 топки и беше еден од најзаслужните во победата на Лестер од 3:1, навивачите во тој момент се надеваа дека успеале да пронајдат нов одличен фудбалер, но таков настап овој фудбалер повеќе никогаш не повтори.
Педантните Англичани успеаа да пресметаат дека токму Вилфрид Ндиди е фудбалерот кој оваа сезона беше најмногу пати издриблан и тоа дури 20 пати.
Wilfred Ndidi: Has been dribbled past more times (20) than any other player in the Premier League this season pic.twitter.com/GSUMdpfjQk
— WhoScored.com (@WhoScored) October 4, 2017