Дома Македонски спорт Во Лас Палмас задоволни од Горгиовски, македонскиот фудбалер останува во плановите на клубот

Во Лас Палмас задоволни од Горгиовски, македонскиот фудбалер останува во плановите на клубот

Младиот фудбалер Константино Горгиовски репрезентативец на Нов Зеланд кој е воедно и македонски државјанин пред скоро еден месец замина во шпанскиот клуб Лас Палмас и според последните информации таа проба поминала одлично.

Шпаскиот тим од Ла Лига смета дека Горгиовски може да биде сериозно засилување за во иднина, а од друга страна Горгиовски би бил во клуб каде што може да напредува. За почеток 17-годишниот Горгиовски ќе остане во младинската екипа каде што ќе има поголем простор за игра, но со најава дека „тропа на вратата“ на сениорскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бидејќи неможе да биде регуларно пријавен за официјални настапи оваа сезона , Горгиовски ќе продолжи да тренира со екипата иако ќе има отворена можност по препорака на клубот да настапува за неговиот се уште актуелен клуб ФК Победа во младинскита или во првата екипа без разлика. За да биде во натпреварувачка фаза до јуни кога треба перманентно да се пресели во Лас Палмас.

Веќе е извесно дека младиот фудбалер ќе потпише за овој клуб во Јуни , а што понатаму дали ќе продолжи со младинската екипа на Лас Палмас У-19 Јувенил А и ќе се наметнува за првиот тим , или ќе биде остапен во некој клуб од  пониската шпанска лига останува времето да покаже . Најавите се дека ќе продолжи со младинскиот тим барем една сезона.

Горгиовски константно ќе биде на релација Скопје-Лас Палмас – Скопје .

Веќе во Сабота на 9 Март пристигнува во Скопје , и се очекува да настапи на 3 натпревари за Младинскиот тим на ФК Победа , назад ќе отпатува една недела подоцна на 17 март каде ќе се задржи 2 или 3 недели во зависност од натпреварите во Македонија.

Како што напоменавме, тоа се случува често ќе ја оддржува својата форма во натпреварувачки ритам во Македонија  по препорака на клубот од Шпанија, се до неговиот перманентен премин во Лас Палмас во јуни оваа година каде се очекува да параграфира официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…