Чудото од дете Ламин Јамал денеска треба да потпише нов договор со Барселона, а истиот треба да важи до 2026 година и ќе има откупна клаузула од една милијарда евра.
Јамал има само 16 години, а своето деби за Барселона го имаше на 15 години, девет месеци и 16 дена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот талент привлече големо внимание од гигантите од Европа, но тој не сака да замине од Барселона, а тоа ѝ оди во прилог на каталонската екипа која реши да потпише договор со него.
Јамал ќе им се приклучи на останатите кои имаат откупна клаузула од милијарда евра, а тоа се Педри, Гави, Ансу Фати, Роналд Араухо, Жил Кунде, Рафиња и Феран Торес.