Дома Топ вести Во Интер разочара – Клоп го сака на „Енфилд“

Во Интер разочара – Клоп го сака на „Енфилд“

Интер има намера да го продаде Кондогбија, кој не ги оправда очекувањата на „Џузепе Меаца“, иако минатото лето пристигна како големо засилување.

„Нероаѕурите“ минатото лето платија 40 милиони евра за Кондогбија, но Французинот никогаш не ги оправда очекувањата, а оваа сезона дури и добива многу мала минутажа кај Франк де Бур.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Тренерот во иднина нема да смета на него, па јасно е дека Кодогбија е промашена инвестиција за Интер, кој сега се обидува да го продаде и да врати дел од вложените пари.

Медиумите тврдат дека интерес за Французинот покажува Јирген Клоп, кој сака да го доведе на „Енфилд“ и смета дека Премиер лигата би била идеална средина за неговите карактеристики.

Кондогбија има само 23 години и јасно е дека е голем потенцијал, па Ливерпул е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рома и Јувентус блиску до договор за Киеза

Раководството на Јувентус одлучи да го стави на продажба Федерико Киеза ова лето. Киеза ис…