Бразилскиот фудбалер Дани Алвес поминува сигурно низ неговите најтешки денови од животот во затворот во Шпанија.
Алвес во затворот го чека судењето, а според каталонските медиуми Бразилецот е посетуван само од еден пријател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот Алвес го посетувала сега веќе неговата екс-сопруга и мајката на неговите деца, потоа и во затворот дошла и поранешната партнерка која била со фудбалерот по тој настан. Но, тие посети престанале, единствен кој продолжил да го посетува Алвес е неговиот пријател Бруно Бразил.
Тој бил заедно со Алвес ноќта кога се случило наводното силување. Алвес бараше да се брани од слобода, но судот го отфрли тоа барање и според најавите може да заработи затворска казна од една до две години.