Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Во Германија уште се пишува за бламажата на СП: Играчите цела вечер играле сони и пушеле луле!?

Во Германија уште се пишува за бламажата на СП: Играчите цела вечер играле сони и пушеле луле!?

Селекцијата на Германија на Мундијалот кој се одржа ова лето доживеа вистински дебакл, како што е познато Германците не успеаа да ја поминат групната фаза и завршија како последни во својата група.

Денес кога Јоаким Лев го објави првиот список на повикани фудбалери после бламажата на Мундијалот, „Билд“ пренесува ексклузива за тоа што се случува во германските кампови на припремите, а потоа и на самиот Мундијал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најчитаниот германски весник порачува дека Лев требало да проверив што репрезентативците носат со себе на репрезентативните собири.

Антонио Рудигер на Светското првенство со себе си носел луле. Познато е дека Лев дозволува една или две цигари, но прашање е како би реагирал во таква ситуација.

Јулијан Дракслер пак не се одвојувал од игањето сони, во кое учествувале и голем дел од останатите репрезентативци.

Во статијата на реномираниот германски медиум се наведува и дека во сојузот се обиделе проблемот да го решат со исклучување на интернетот во хотелот, но ниту тоа не помогнало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …