Искусниот италијански стручњак би можел повторно да работи во Премиер лигата.
Сезоната на Анчелоти и Баерн не започна баш најдобро. Германскиот гигант запиша неочекуван пораз уште во третото коло и тоа од тимот на Хофенхајм, па се почесто се пишува дека ова би можела да биде и последна сезона за искусниот Италијанец на клупата на Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Започнаа шпекулации дека би можел да замине веќе во јануари, за да го наследи Томас Тухел, но тоа во оваа ситуација изгледа малку веројатно.
Многу по реално е Анчелоти да замине по завршувањето на сезоната, без разлика што ќе направи Баерн до крајот на сезоната. Во Германија веќе на големо се шпекулира и за неговиот наследник, а тоа би можел еден од најталентираните германски тренери, Јулијан Нагелсман кој е тренер токму на екипата која го совлада Баерн, Хофенхајм.
Кога во прашање е Анчелоти, тој би можел повторно да работи во Премиер лигата, каде што со голем успех работеше во екипата на Челзи.
Тој во сезоната 2009/2010 со Челзи ги освои титулите во Премиер лигата, Комјунити Шилд и ФА Купот, а сега би можел да седне ни помалку, ни повеќе, туку на клупата на Арсенал.
Венгер ова лето потпиша нов двегодишен договор со клубот, но „топџиите“ не ја отворија добро сезоната, веќе запишаа два порази во четири натпревари во Премиер лигата, а посебно болен беше еден оној од Ливерпул со резултат 4:0