Дома Фудбал Останато Во Баерн имаат план: Хрват е прв кандидат за наследник на Хејнкес, еве кога би можел во Минхен!

Во Баерн имаат план: Хрват е прв кандидат за наследник на Хејнкес, еве кога би можел во Минхен!

niko kovac

Баерн Минхен веќе со месеци е во потрага по нов тренер, но никако да пронајде идеален кандидат кој способен да води таков гигант, но и слободен во ист момент.

„И во следните месеци ќе работиме активно на пронаоѓањето нов тренер“, порача спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Минхен веруваат дека Нико Ковач е спремен за најголемиот предизвик во кариерата, но проблем е што хрватскиот тренер има договор со Ајнтрахт до 2019 година.

„Тој е под договор до 2019 година и ние сме опуштени, не размислуваме за промена на тренерската позиција“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт Фреди Бобиќ.

Меѓутоа во Баерн имаат јасен план, сакаат да го задржат привремениот трнер Јуп Хејнкес уште една сезона, а потоа да тргнат по Ковач или пак Нагелсман кој тогаш ќе може да го напушти Хофенхајм за пет милиони евра.

„Нема подобра опција за Баерн од тоа Хејнкес да остане уште една година“, тврди „Кикер“ и наведува дека за таков план жестоко за залага претседателот Ули Хенес.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…