Дома Фудбал Војна на ѕвездите: Рамос и Пике се „спукаа“ околу судиските грешки!

Војна на ѕвездите: Рамос и Пике се „спукаа“ околу судиските грешки!

Жерард Пике како и сите играчи и навивачи на Баселона со големо внимание го следеше мечот помеѓу Виљареал и Реал Мадрид.

На ѕвездата на Барса не и се допадна судењето, односно одлуката на судијата да покаже на белата точка во корист на Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Лошото судење доведе да повторно помеѓу овие две екипи да биде осум бода разлика. Скиншотовите се од мадридските медиуми“, напиша на Твитер Пике и публикуваше неколку слики од спорните ситуации.

Меѓутоа брзо стигна одговорот од капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Доколку тоа го кажеше Меси би бил изненаден, а вака не сум воопшто. Сите веќе знаеме дека Пике живее во свет во кој мисли дека се е завера против него“, истакна Рамос и се осврна на судењето.

„Судијата имаше тепка работа, а ние мораме да му ја олесниме. За нас беше иклучително важно да победиме, посевно од ментална страна. Разликите се минимални и ќе биде тесно до самиот крај. Титулата ќе се одлучува во последното коло“, заклучи Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…