Дома Видео Вознемирувачко видео: Млад фудбалер почина по брутална тепачка на натпревар 🎥

Вознемирувачко видео: Млад фудбалер почина по брутална тепачка на натпревар 🎥

Tрагична смрт на млад 15-годишен фудбалер го потресе Парагвај. Инцидентот се случи во текот на натпреварот помеѓу Насионал и Букерон кој се играше за викендот.

Во овој натпревар настана тепачка во која младиот Исмаил Димингез претрпел смртоносни повреди по кои изгубил свест.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според изјавите на сведоци и неговиот тренер Леонард Вита, Исмаил добил удар од зад грб, а додека лежел на земја дополнително бил нападнат.

За жал и покрај напорите на медицинските тимови момчето починало во болница од здобиените повреди. Овој шокантен случај предизвика тага и бес и веројатно ќе биде причина да се отвори истрага за безбедноста во спортот и насилството на натпреварите на младите тимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо со невозможен погодок: Како Португалецот стигна до гол на филмски начин (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува да го збогатува своето патување кон легендарната бројка од 1…