Денес се играа одложените натпревари од втората лига, на Истокот и Западот.
Кожув против Братство во Гевгелија славеше со 1:0, единствениот гол на натпреварот беше дело на Томица Петров после половина час игра. Детонит Јуниор и Осогово одиграа без голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Западот Силекс одново не го играше својот натпревар против Велешта затоа што повторно немаше услови за игра. Поради такви ситуација затоа што Велешта веќе вторпат не создава услови за играл лидерот на табелата ќе добие овој меч многу веројатно службено.
Пет гола беа постигнати во натпреварот во кој Тетекс нагости кај Гостивар славеше со 2:3. Набрзина гостите поведоа со 0:2 во 29. и 33. минута. Потоа Хасан го намали резултатот на на 1:2, меѓутоа Ајдини се погрижи Тетекс одново да има плус два. Конечните 2:3 ги постави Скендери.
Мечот Кораби – Охрид заврши без голови.
Фото: ФК Гостивар