Голем број фудбалери од Серија А се под истрага на италијанските власти поради сомнение дека учествувале во незаконски обложувања за исходите на фудбалските натпревари.
И додека италијанските медиуми продолжуваат да истражуваат кој и во чие име плаќал сериозни суми обложувајќи се на натпреварите во Серија А, топката полека се расплетува и, судејќи според последните информации, води дури и до сопствениците или претседателите на клубовите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Едно се издвојува, а тоа е дека на списокот на осомничени за нелегално коцкање најмногу се италијански фудбалери, а повеќето од нив биле репрезентативци на таа земја. Сите се соочуваат со повеќегодишна суспензија.
Фудбалерот на Јувентус, Фаџоли, наводно должи 70 илјади евра на нелегална обложувалница. Поранешниот фудбалер на Рома, Заниоло би можел да „настрада“ многу повеќе од останатите, бидејќи како играч на римскиот клуб се обложил на натпреварите на кои настапувал.
Медиумите веќе шпекулираат дека Астон Вила нема да го откупи договорот на Заниол, иако тој како играч заработи внимание и доверба во Бирмингем, а Англичаните на големо шпекулираат дали Њукасл има право да го тужи скапо платеното засилување од Милан, Тонали, доколку се докаже дека бил дел од оваа организирана група спортисти „закачени“ на обложување.
Навивачите се зачудени бидејќи им е јасно дека се работи за фудбалери кои најчесто заработуваат огромни суми и не мораат да размислуваат за својата иднина а својата кариера и чест ја доведуваат во прашање не само со обложување, туку и споделувајќи информации за тоа со своите колеги од репрезентацијата и ривалите од другите клубови.
JУВЕНТУС: Николо Фаџоли, Федерико Гати, Леонардо Бонучи (Унион Берлин)
МИЛАН: Сандро Тонали (Њукасл), Алесандро Флоренци
РОМА: Николо Заниоло (Астон Вила), Никола Залевски, Џанлука Манчини
ЛАЦИО: Николо Ровела, Алесио Ромањоли, Матија Закањи, Мануел Лацари, Лука Пелегрини
ИНТЕР: Николо Барела. Давиде Фратези, Раул Беланова
КРЕМОНЕЗЕ: Феликс Афена-Гјан, Лука Занимакија
САСУОЛО: Доменико Берарди
ЛЕЧЕ: Антонино Гало, претседателот Стичи Дамијани