Дома Фудбал Италија Влаховиќ: Кога Ибрахимовиќ ми го даде дресот си отидов дома облечен во него

Влаховиќ: Кога Ибрахимовиќ ми го даде дресот си отидов дома облечен во него

Голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ никогаш не криеше дека негов идол е Златан Ибрахимовиќ, а во интервју за „ДАЗН“ откри поради што го цени асот на Милан и како изгледала нивната прва средба.

„Кој е мој идол? Идоли ми се таткото, мајката и сестртата. Кога зборуваме од фудбалски аспект, најмногу ми се допаѓа Ибрахимовиќ. Има неверојатен карактер и желба да не се откаже. Се што направи, направи сам. Зборувам за играч со голем карактер. Сите знаеме за каков фудбалер се работи“.

Се потсети на ситуацијата во која Ибрахимовиќ му го дал дресот.

„Му зборував: Ти благодарам, ти благодарам, ти благодарам…Си отидов дома облечен во дресот“, откри Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…