Женската кошаркарска репрезентација на Македонија во следниот квалификациски циклус за ЕП 2021 ќе биде предводена од Владимир Ѓоровиќ.
Во претходниот квалификациски циклус кошаркарките беа предводени од страна на Марјан Лазовски, чиј договор истече.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Ѓоровиќ кој е тренер на екипата на Струга има репрезентативно педигре водејќи ја У16 селекцијата на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржа во Охрид.
Новиот селектор ќе има задача да ја извади најдобро од кошаркарките во квалификациите за Евробаскетот 2021 година. „Црвено жолтите“ се наоѓаат во група со Летонија, Хрватска и Германија.