Дома Фудбал Италија Вклучен алармот во Италија: Големи се шансите Серија А да се прекине

Вклучен алармот во Италија: Големи се шансите Серија А да се прекине

Сезоната во Серија А би можела целосно да биде запрена по последните мерки што ги презеде владата на Италија. Во 11 провинции е прогласен црвен аларм, што значи дека движењето и собирите се сведени на минимум.

Со последната одлука на владата во 11 провинции меѓу кои е и најзагрозената Ломбардија прогласена е црвена тревога, односно движењето на отворено е сведено на минимум.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Претседателот на Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Италја, Дамиано Томаси, побара да бидат стопирани натпреварите во Серија А.

„Треба да го прекинеме првенството. Што друго е потребно? Стоп за фудбалот“. Зборував со многу директори на клубови, време е да се запре со фудбал. Ситуацијата е сериозна, не можеме од фудбалерите да бараме на сила да играат фудбал“, изјави Томаси.

Денес на програмата во Серија А се играат одложените натпревари од минатиот викенд, со што ќе биде комплетирано 26-то коло, па останува да видиме дали тоа ќе биде и последно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…