Англиските медиуми пишуваат дека тоа бил условот да остане, но веројатно на сите им изгледа неверојатно Венгер воопшто да размислува за тоа.
Арсенал е спремен да троши, како што пишуваат англиските медиуми и без продавање на играчите, а најавено е дека Венгер ќе направи чистка, а за купување спремил скоро 200 милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Кога Венгер ќе доведе?
Понудата до Монако од 100 милиони евра за Килијан Мбапе беше одбиена, но медиумите пренесуваат дека Венгер нема да застане тука.
Какви се шансите суперталентираниот фудбалер да пристигне во Арсенал?
Пред се, она што интригира е фактот што тимот ќе биде граден околу него и дека шанса ќе добие веднаш, додека во Реал кој исто така е заинтересиран не може да се надева на такво нешто.
Покрај тоа Венгер му нуди прилика да се развива сепак со помал притисок од оној на „Бербабеу“ и повторно да биде стандарден. Мбапе е тешка мета, но во Арсенал веруваат дека доколку ја зголемат понудата ќе имаат шанси.
Од останатите играчи, прва мета е наследникот на Жиру, Александар Лаказет, јасно е дека неговиот трансфер во Атлетико пропадна, покрај тоа Арсенал може да ја плати сумата која ја бара Лион.
Тука е и Арда Туран, Барселона постави цена од 30 милиони или пак бара во трансферот да биде вклучен Белерин на што Венгер тешко ќе се согласи.
И на крај, Ријад Марез, понудата до Лестер сеуште не е испратена, но сигурно и тоа ќе се случи, Алжирецот би требало да биде првото засилување.
Јасно е што Венгер сака, приоритет е средниот ред и нападот, да се добие можност да игра во формација 3-4-3 или 3-5-2.
Се зборува дека Венгер останувањето го условил со голем трансфер буџет, ова е неговиот последен обид неоптеретен од Лигата на шампионите, да стигне до титулата во Премиер лигата, како што тоа го направи Челзи.