Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен го победија Атлетико со 2:0.
„Кралевите“ во последно време играат навистина во одлична форма, а тоа го покажаа и во вчерашното градско дерби. Еден од најдобрите на теренот вчера кај Реал беше Винисиус Жуниор кој запиша две асистенции, во првото полувреме за Бензема и во второто за Асенсио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај асистенции Винисиус на неколку моменти уште еднаш докажуваше дека е фантастичен дриблер. Една од неговите жртви беше Анхел Кореа. Играчот на Атлетико се обиде да ја одземе топката од Винисиус, а Бразилецот со одличен дриблинг го исфрли од рамнотежа и Кореа заврши на подот.
V i n i c i u s J R 🆚 A n g e l C o r r e a
— Sexy Live Goals (@sexy_goals) December 13, 2021
🗓La Liga 2021/22 pic.twitter.com/1znw9GmpAk