Како што стојат работите, Бразилецот Вилијан би можел да потпише за четвриот тим од Премиер лига.
Вилијан прво играше за Челзи, потоа за Арсенал каде што не беше многу успешен. По Арсенал ја напушти Англија и се пресели во неговата татковина, но таа епизода брзо заврши.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По само една сезона, Фулам го врати во Премиер лигата и минатата сезона беше одличен во овој тим. Сега според медиумите на Островот, Вилијан е пред преселба во Нотингем Форест.
Нотингем по 30 засилувања минатото лето се избори за опстанок во Премиер лигата, а сега сака да се засили со Бразилецот. За Фулам, Вилијан постигна пет гола и подели шест асистенции.