Дома Трансфер зона Ќе се врати ли во Премиер лигата? Вилијан во Фулам е само на проба

Ќе се врати ли во Премиер лигата? Вилијан во Фулам е само на проба

Бразилскиот офанзивец Вилијан во овој момент се наоѓа во Лондон каде што тренира со Фулам после прекинот на соработката со Коринтијас.,

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот фудбалер на Шахтјор, Челзи и Арсенал својот последен предизвик го имаше во татковината во тимот на Коринтијас од каде што си замина поради заканите од навивачите. Во Коринтијас се задржа само една сезона.

Во островските медиуми се најавува дека Фулам ќе го ангажира и засега тој тренира со овој тим, но тоа не значи и дека ќе потпише договор. Во Фулам прво сакаат да бидат сигурни дека Вилијан може се уште да игра на потребното ниво во Премиер лигата.

Вилијан секако не би имал ништо против после Челзи и Арсенал да заигра и за трет клуб од Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…