Дома Фудбал Англија Вилијан доби неверојатна плата во Арсенал

Вилијан доби неверојатна плата во Арсенал

Бразилецот Вилијан до крајот на неделата ќе стане играч на Арсенал.

Овој 32- годишен играч после седум години го напушта Челси и одлучи да му се придружи на градскиот ривал од Северен Лондон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договор би требало да биде потпишан до крајот на неделата. Тоа ќе биде тригодишна соработка, а во тој период бразилскиот фудбалер ќе инкасира повеќе од 35 милиони фунти.

Вредноста на договорот на неделно ниво е 220.000 фунти, а фактот што доби таков договор ги разлути навивачите на Арсенал, посебно поради фактот што клубот отпушти 55 работници.

„Во Челси никогаш не би добил такви пари. Фантастичен договор за него.“ – изјави за Дејли Мејли извор близок до фудбалерот.

Новата сезона во ПЛ започнува на 12. септември, а останува да видиме дали Бразилецот ќе биде засилување за Топџиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крос удира таму каде што најмногу боли: Ако тој си замине, никој нема ни да ве гледа!

Поранешниот германски репрезентативец Тони Кроос предизвика големо внимание со последната …