Дома Фудбал Репрезентации Виери: На Италија ќе и биде многу тешко против Македонија

Виери: На Италија ќе и биде многу тешко против Македонија

Легендарниот италијански фудбалер, Кристијан Бобо Виери зборуваше за баражот во март во кој Италија ќе ја пречека Македонија. Според Виери на Италија нема воопшто да и биде лесно со Македонија.

Виери смета дека тоа што Италија е под огромен притисок како актуелен европски шампион ќе направи на „Аѕурите“ да им биде навистина тешко.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Самите се ставивме во голем проблем и знам дека со Македонија ќе ни биде многу тешко. Тој прв натпревар е најтежок, потоа би дошол дуел со Португалија или Турција. Италија е под невиден притисок, тука е и падот во формата, па во таква ситуација не е лесно да играш. Момците остварија голем успехј, знаат колку вреди дресот на репрезентацијата, но сега ни треба чекор повеќе“.

„На Еуро 2020 не отидовме под притисок дека треба да го освоиме, најважното за сите беше да одиграме добар турнир и да прикажеме добар фудбал. Сега ситуацијата е многу поинаква, Италија едноставно мора да оди на СП и притисокот е огромен, па фудбалерите треба да покажат дека знаат да се носат со него“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тео Ернандез нема да оди на подготовки со Милан, познат новиот клуб

Тео Ернандез е на чекор да се приклучи на Ал-Хилал откако шест години ги помина на Сан Сир…