Тотенхем одигра маестрален натпревар против лидерот Манчестер Сити и заслужено победи со 2:0, со што најави дека има тим за титулата во Премиер лигата.
Двата тима одиграа интензивен натпревар со многу шанси, а работата на домаќините им ја олесни Коларов кој после една неспретна реакција си постигна автогол во 9-та минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на полувремето подобри шанси имаше Тотенхем, а една од нив во гол ја претвори Деле Али за 2:0.
Тотенхем имаше шанса за уште поубедлив триумф, но Ламела промаши пенал во 65 минута. За негова среќа тоа не беше казнето од гостите, кои прв пат сезонава не дадоа ниту еден гол.
Во вториот натпревар што се играше во истиот термин шампионот Лестер ремизираше 0-0 против екипата на Саутемптон.