Дома Фудбал Италија Видете како ќе изгледа новиот Интер следната сезона (видео)

Видете како ќе изгледа новиот Интер следната сезона (видео)

Антонио Конте веднаш што беше назначен за нов тренер на Интер најави напад на Скудетото, па ова лето сигурно ќе направи реконструкција на тимот.

„Газета дело Спорт“ откри како треба да изгледа „новиот“ Интер и кои засилувања се очекува да пристигнат ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Конте ќе игра со својата омилена формација 3-5-2, на голот би останал Самир Хандановиќ, а во одбраната доаѓа Диего Годин, кој ќе формира трио со Скриниар и Де Врај.

Средниот ред треба да го пополнат Лазаро од Херта, Барела од Каљари, потоа Сенси од Сасуоло, Брозовиќ, а лево ќе остане Перишиќ.

Во нападот се очекува да замине Мауро Икарди, а да пристинат Џеко и Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една…