Фавиритите остварија сигурни победи во вечерапните натпревари од Лигата на шампиони, разочара само Манчестер Сити кој беше поразен на домашен терен од Лион.
Јувентус на гостувањето кај Валенсија остана без Кристиано Роналдо уште во 30-та минута, откако судијата му покажа директен црвен картон. Меѓутоа „старата дама“ дојде до важна победа и без првата ѕвезда.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Миралем Пјаниќ во два наврати беше сигурен од белата точка за сигурна победа од 2:0.
Во истата група Манчестер Јунајтед без поголеми проблеми победи на гостувањето кај Јанг Бојс со 3:0.
Реал Мадрид без поголеми проблеми ја совлада Рома. Отпорот на гостите го скрши Иско со гол во 45-та минута, а во второто полувреме Бејл и Маријано ги поставија конечните 3:0.
Во истата група Викторија Плзен и ЦСКА Москва одиграа без победник 2:2.
Најголемото изненадување го приреди Лион кој победи на гостувањето кај Манчестер Сити. Францускиот тим во првото полувреме дојде до предност со головите на Корне и Фекир, а домаќините само го ублажија поразот во продолжението со голот на Бернардо Силва.
Баерн Минхен рутински стигна до трите бода на гостувањето кај Бенфика со головите на Левандовски и Ренато Санчез.