Дома Останати Видео: Чилиќ прв финалист на Австралија Опен

Видео: Чилиќ прв финалист на Австралија Опен

Марин Чилиќ за прв пат во кариерата се пласира во финалето на Австралија Опен, откако со 3:0 (6:2, 7:6. 6:2) го победи Британецот Кајл Едмунд.

Хрватот кој од понеделник ќе биде број 3 на АТП листата, лошо влезе во мечот му дозволи две брејк топки на Едмунд, а откако успеа да го одбрани својот сервис започна и да ја презема контролата врз мечот и го освои првиот сет со 6:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Британецот даде најголем отпор во вториот сет, но Чилиќ славеше во тај-брејкот со 7:4, а во третиот сет победи со 6:2 за да обезбеди големо финале.

Ривалот на Чилиќ во финалето ќе биде подобриот од утрешното полуфинае во кое ќе играат бранителот на титулата Роџер Федерер и сензацијата од Јужна Кореја Хјеонг Чунг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз одлучи што ќе тетовира по освојувањето на Австралија Опен

Првиот тенисер на светот, Карлос Алкараз, потврди дека ќе ја прослави својата прва титула …