Дома Останати Кошарка Видео: Финалето на Истокот е „реприза“ од минатата година – Бостон против Кливленд!

Видео: Финалето на Истокот е „реприза“ од минатата година – Бостон против Кливленд!

Бостон Селтикс со 4:1 во серијата ја елиминираа Филаделфија и се пласираа во финалето на Источната конференција каде што втора година во низа ќе играат против Кливленд.

Во уште еден фантастичен натпревар, кој го оживеа старото ривалство на двата клуба, Бостон имаше плус на полувремето, за Сикерси во третата четвртина да успеат да го стигнат ривалот со серија 11:3 и да намалат на 78:74.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На крајот од четвртината Џеј Џеј Редик ги одведе гостите на само минус еден пред последните 12 минути.

Во возбудливата завршницата Џејсон Татум носи предност за Бостон, а Ембид во наредниот напад погоди за изедначување. Розир е ладнокрвен од линијата за слободни фрлања за 113:109 но Редик со брза тројка намали на минус еден.

Смарт е фаулинран, го погоди второто слободно фрлање, а потоа пресече пас на гостите во последната секунда и го одведе својот тим во ново финале на Истокот.
Џејсон Татум беше најефикасен кај победникот со 25 поени, Џејлејн Браун постигна 24 поени, Тери Розир 17, Ал Хорофорд 15 поени.

На Филаделфија не и помонгаа ниту 27 поени и десет скокови на Шариќ и исто толку поени и 12 украдени топки на Ембид.

Серијата помеѓу Кливленд и Бостон започнува во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамна одлука против Јокиќ на натпреварот со Портланд (Видео)

Кошаркарите на Денвер беа поразени од Портланд минатата ноќ во НБА лигата 109:107, со траг…