Дома Фудбал Англија Видео: Фабињо отвори со „проектил“, Салах ја зголеми предноста, „граѓаните“ бесни на ВАР

Видео: Фабињо отвори со „проектил“, Салах ја зголеми предноста, „граѓаните“ бесни на ВАР

Големото дерби во Премиер лигата започна на исклучително возбудлив начин и веќе по 13 минути игра Ливерпул има два гола предност над Манчестер Сити.

Резултатот го отвори Фабињо со феноменален гол од триесетина метри. Бразилецот испрати „проектил“ но пред голот видовме една контроверзна ситуација.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, „граѓаните“ бараа пенал после играта со рака на Арнолд во казнетиот простор, судијата Оливер пушти играта да продолжи, а во продолжение од акцијата Ливерпул дојде до водство.

И додека Сити се уште не беше излезен од шокот во 13-та минута Салах со глава погоди за предност од 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид испрати официјална понуда за Едерсон

Раководството на Атлетико Мадрид веќе презеде конкретни чекори за привлекување на играчот …