Во рамките од 13 коло во шпанската Примера се одигра дербито на колото помеѓу Валенсија и Барселона.
Како и што се очекуваше ова беше натпревар со голема борба, но и натпревар кој ќе биде обележан со една скандалозна одлука на главниот судија Вилануева.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се играше 30 минута од натпреварот кога Лионел Меси шутираше, ударот не беше силен, но голманот на домаќините киксираше, па неочекувано топката заврши зад неговиот грб и ја мина гол линијата.
Фудбалерите на Барселона веќе тргнаа да го прослават погодокот, но сепак погодокот не беше признат. Токмву во таа ситуација, за Валенсија се отвори контра од која можеа да стигнат и до погодокот, но сепак ударот на Заза заврши покрај голот.
Валенсија до погодок стигна во 60 минута од средбата, Гаја продре по левата страна испрати топка до Родриго кој успеа да ја сместени топката зад грбот на Тер Шттеген. Домаќините добро се бранеа, но сепак нивната одбрана попушти, а ја проби нивниот поранешен фудбалер Жорди Алба кој ги постави конечните 1:1.