Шпанскиот возач на Дукати, Хорхе Лоренцо денес доживеа тежок пад на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд.
Лоренцо на 15-тина минути пред крајот изгуби контрола над своето Дукати во третата кривина и доживеа исклучително тежок пад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од неговиот мотор летаа парчиња, а Лоренцо беше исфрлен на околу дваесетина метри. Шпанскиот возач веднаш беше пренесен во болница од каде се чекаат првите информации за сериозноста на повредата.
https://youtu.be/3PggQNxTEGo
Коментари