Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Тажна слика од НБА лигата – Ентони Дејвис не можеше да стои на нозе

ВИДЕО: Тажна слика од НБА лигата – Ентони Дејвис не можеше да стои на нозе

Ентони Дејвис синоќа се судри со ДеАндре Џордан во втората четвртина од натпреварот помеѓу Пеликанс и Клиперс (121:161) во НБА лигата и во агонија го напушти теренот.

Судирот не изгледаше така опасен, но би можел да го оддалечи Дејвис од терените месец и пол дена. Изгледа дека станува збор за фрактура на ребрата, а Дејвис имаше толку многу големи болки што не можеше да си отиде до соблекувалната, па веднаш по влегвањето во тунелот од салата се сруши на носилката која беше ставена до ѕидот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Одличниот играч на Пеликанс во февруари беше ирач на месецот во Западната конференција со 35 поени, 13 скока, 2.5 украдени топки и 2,2 блокови по натпревар. Пеликанс во тој период беше во најдобрата форма оваа сезона и покрај тоа што неколку недели играат без повредениот ДеМаркус Коусинс, кој нема да настапи до крајот на сезоната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Го предизвика Дончиќ да шутираат од половина терен, па зажали – еве како изгледаше! (Видео)

Иако на стартот на новата сезона на НБА веќе поставува рекорди и неверојатни броеви, словe…