Една година откако Гери Кејхил му го зададе ударот на дефанзивецот на Хал и му нанесе тешка повреда, овој фудбалер стави крај на професионалната кариера.
Шокантната вест е потврдена во соопштение од Хал во кое се наведува дека докторите му препорачале на Рајан Мејсон да стави крај на фудбалската кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инцидентот се случи на 27 јануари 2017 година после нафрлувањето од левата страна кога Кејхил ја нападна топката, а потоа силно удри во Мејсон.
Веднаш можеше да се забележи дека станува збор за сериозна повреда. Играчот за врска на Хал мораше да оди на операција, а после една година се покажа дека Кејхил со тој дуел ставил крај на неговата кариера.
Рајан Мејсон кариерата ја започна во Тотенхем, во летото 2016 година премина во Хал за сума од 13 милиони фунти, а од тој момент до страшната повреда запиша 20 настапи за „тигрите“ и постигна два погодоци.
Мејсон пред три години одигра и еден натпревар за репрезентацијата на Англија.