Капитенот на Челзи, Гери Кејхил ги брои последните денови на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи е многу блиску до трансфер во Фулам, пренесуваат англиските медиуми.
Досега Арсенал се сметаше како фаворит за неговиот потпис, а интерес за 33-годишниот Кејхил покажа и Астон Вила.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Кејхил одбил да се пресели на „Емирати“ и го избрал Фулам, каде ќе биде на позајмица до крајот на сезоната, кога му истекува договорот со „сините“.
Менаџерот Сари не смета на дефанзивецот и изјави дека нема да му стои на патот, доколку тој сака да си замине.
Фулам во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање и му претстои грчевита борба за опастанок, па Кејхил сигурно ќе биде големо засилување.
Fulham are close to securing loan deal for Gary Cahill (ES) pic.twitter.com/m8Sk4uqdtc
— Simon Phillips (@SiPhillipsSport) January 2, 2019
https://youtu.be/FeAEKJfOnUg