Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА лигата, а во центарот на вниманието секако беше пресметката помеѓу Голден Стејт и Бостон, која има припадна на „воините“ (109:105).
Лидерите во Истокот и Западот одиграа спектакуларен натпревар, а ѕвезда да на вечерта беше Стеф Кари кој постигна неверојатни 49 поени, од кои 13 беа во последните 100 секунди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При резултат 95-95, Кари погоди тројка и шут за два за да ги однесе „Воините” на 100-95, а остана и смирен од линијата за слободни, реализирајќи осум од осум во завршните минути. Кајри Ирвинг беше прв стрелец во редовите на Селтикс со 37 поени.
Неизвесно беше и на мечот меѓу Денвер и Далас кој заврши со минимална победа на домаќините од 91-89, меч во кој Никола Јокиќ го забележа својот втор „трипл-дабл“ во кариерата со 11 поени, 16 скокови и 11 асистенции.
Резултати:
Индијана – Орландо 114:112
Атланта – Вашингтон 104:129
Мајами – Шарлот 95:91
Голден Стејт – Бостон 109:105
Денвер – Далас 91:89
Минесота – Бруклин 111:97