Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Спетакл во „Стејплс Центарот“, Леброн погоди тројка во последните секунди, па стана трагичар

ВИДЕО: Спетакл во „Стејплс Центарот“, Леброн погоди тројка во последните секунди, па стана трагичар

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни девет натпревари, а најголеми возбудувања видовме на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс во кој Спарси славеа после продолженија со 143:142.

Лејкерси катастрофално го отворија натпреварот и во првата четвртина имаа дури 18 поени негатива (19:37), а на првата пауза се замина со +14 За Спарси (26:40). Успеа домаќинот да се врати во живот во втората четвртина, па на полувремето резултатот беше 60:65 во корист на гостите.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Џејмс и друштвото до предност стигнаа кон крајот на третата четвртина (91:90), но гостите во последната четвртина влегуваат со предност од три поение (96:99).

Во последната четвртина двата тима се менуваа со водството, Сан Антанио на минута пред крајот имаше +8. Меѓутоа потоа погодуваа МекГи и Кузма за три, за на крајот Леброн на три секунди да погоди тројка за изедначување и продолженија 128:128.

Лејкерси во продолжението констатно беа во водство се до финишот кога токму Леброн се претвори во трагичар.

При резултат 142:141 за Лејкерси на 13 секунди до крајот Леброн – промаши две слободни фрлања! Потоа Милис погодува за водство на Сан Антонио. Џејмс тогаш ја зема топката во свои раце и се обиде да го одлучи последниот напад, но го промаши обидот за два поени.

На овој натпревар посебно блескаа четворица кошаркари. Во победничкиот тим тоа беа Олдриџ со 37 и Дерозан со 32 поени, додека во Лејкерси до истите бројки стигнаа Кузма (37) и Џејмс (32). Леброн беше блиску и до трипл-дабл бидејќи имаше учинок од 14 асистенции и осум скокови, додавајќи една украдена топка и една блокада.

Лејкерси после овој натпревар имаат скор од 0:3 и се на дното на Зпадната конференција заедно со Оклахома, додека Сан Антонио е на седмата позиција со скор од 2:1.

Останати резулати:

Бостон – Орландо 90:93Торонто – Шарлот 127:106

Милвоки – Њу Јорк Никси 124:113

Минесота – Индијана 101:91

Далас – Чикаго 115:109

Јута – Мемфис 84:92

Портланд – Вашингтон 124-125 (после продолженија)

Голден Стејт – Феникс 123:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА строго го казни кошаркарот кој го елиминира Јокиќ од плејофот

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа седум натпревари во полуфиналето на Западната ко…