Дома Останати Кошарка Видео: Спектакуларен пресврт на Кливленд, Леброн испиша историја!

Видео: Спектакуларен пресврт на Кливленд, Леброн испиша историја!

Кошаркарите на Кливленд, изминатат ноќ испишаа историја во НБА лигата, откако победија кај Индијана, иако во еден момент беа во негатива од 26 поени. Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше тимот до третата победа во четвртфиналната серија против Индијана.

Кливленд, изминатата ноќ, успеа да оствари нешто што претходно не го направил ниту еден тим во историјата на НБА лигата, победи на гостински терен иако во еден момент заостануваше 26 поени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кливленд победи во Индијанаполис 119:114, а Леброн Џејмс забележа трипл-дабл (41 поен, 13 скокови, 12 асистенции). Џејмс го запиша 17-от трипл-дабл во кариерата, кога се работи за плајофот и на вечната листа се израмни со Меџик Џонсон.

Индијана ја пропушти последната шанса да напарави изненадување во првото плејоф коло. Пејсерси беа предводени од Пол Џорџ (36 поени, 15 скокови, 9 асистенции). Четвртиот натпревар се игра в недела, а домаќин повоторно ќе биде Индијана.

На другите два натпревари: Милвоки го декласира Торонто 104:77 и во серијата води со 2-1, додека Мемфис го победи Сан Антонио 105:94 и го намали резултатот на 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ не смее сам да оди ниту во тоалет: Овој човек го следи Лука на секој чекор (Видео)

Актуелното Европско првенство во кошарка е полно со ѕвезди кои играат за разни репрезентац…