Диего Симеоне минатата недела крена голема прашина поради „контроверзната“ прослава на голот против Јувентус.
Имено, во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони Атлетико на домашен терен со 2:0 го победи Јувентус, а Симеоне првиот гол го прослави на вулгарен начин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот после мечот се извини и објасни дека тој гест не бил за фановите на Јуве, туку бил наменет за домашната публика на која со тоа и покажал дека има „атрибути“.
Слична прослава се случи на натпреварот од Серија Д помеѓу Прато и Виареџио. Домашниот напаѓач Рикардо Морео постигна гол, а потоа одлучи да го имитра Симеоне во славењето, но тоа скапо го чинеше бидејќи доби директен црвен картон. За среќа неговиот тим успеа да слави со 2-1.
Инаку УЕФА потврди дека ќе има постапка против Симеоне и многу лесно може да се случи тој реваншот да го гледа од трибините. Такво нешто секако посакуваат во Јувентус поради тешката ситуација во која се ставија со натпреварот во Мадрид. (види ОВДЕ)