Дома Фудбал Лига на шампиони Најавите потврдени: УЕФА отвара дисциплинска постапка против Симеоне

Најавите потврдени: УЕФА отвара дисциплинска постапка против Симеоне

Првиот осминафинален натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите заврши со победа на „јорганџиите“ на „Ванда Метрополитано“ од 2:0.

Овој натпревар понуди повеќе интересни ситуации освен двата погодоци, па сега УЕФА истражува одредени ситуации од овој натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што неодамна беше најавено УЕФА отвори истрага против стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Аргентинскиот стратег бурно го прослави погодокот за водство од 1:0 така што се фати за меѓуножјето.

После натпреварот Симеоне објасни дека станувало збор за гест упатен кон неговите навивачи.

„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто…Толку се боревме. Диего Коста се бореше, а не беше целосно спремен. Морав да покажам како се чуствувам…Можам само да се извинам ако навредив некого, но го направив тоа од срце“, објасни Симеоне.

Сепак, во УЕФА сметаат дека не е така и сега кога УЕФА потврди дека ќе има постапка против Симеоне многу лесно може да се случи тој реваншот да го гледа од трибините. Такво нешто секако посакуваат во Јувентус поради тешката ситуација во која се ставија со натпреварот во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…