Дома Останати Кошарка Видео: Сан Антонио и Торонто во полуфинале!

Видео: Сан Антонио и Торонто во полуфинале!

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс и Торонто Репторс изборија пласман во конференциските полуфиналиња, добивајќи ги сериите против Мемфис, односно Милвоки со 4-2.

Сан Антонио во шестиот меч од серијата победи во Мемфис 103:96 и во полуфиналето ќе игра против Хјустон. Натпреварот во Мемфис, го решија стартерите на двата тима, бидејќи ниту Мемфис, ниту Сан Антонио не добија поддршка од оние играчи од клупата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кваи Ленард уште еднаш ја потврди високата класа, натпреварот го заврши со 29 поени, девет скокови, шест асистенции и три украдени топки. Ленард доби поддршка од Тони Паркер кој постигна 27 поени и Ламаркус Олдриџ кој имаше учинок од 17 поени и 12 скокови.

Гостинска победа забележа и Торонто, во Милвоки, 92:89, иако малку недостигаше Репторс да ја испуштат огромната предност од 25 поени, која ја имаа во текот на мечот. Торонто, во полуфиналето на Истокот ќе игра против актуелниот шампион Кливенд.

Репторси до повредата ги предводеше Демар Дерозан со 32 поени, два повеќе на спортивната страна постигна Јанис Адетокумпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…