Дома Фудбал Англија Видео: Санчез промаши, па се поправи, „ѓаволите“ намалија на -13

Видео: Санчез промаши, па се поправи, „ѓаволите“ намалија на -13

Во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари.

Манчестер Јунајтед очекувано ја оправда фаворитската улога во натпреварот против Хадерсфилд, „ѓаволите“ запишаа победа од 2:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Избраниците на Жозе Мурињо од самиот почеток на натпреварот ја имаа контролата за тоа говори и поседот на топката, Јунајтед имаше 77%. Сепак погодок во првиот дел не видовме.

Отпорот на Хадерсфилд попушти во 55 минута кога Лукаку го искористи одличното нафрлување од Хуан Мата сместувајќи ја топката во поблискиот агол од голот на гостите.

Во 68 минута од натпреварот пенал за „ѓаволите“. Одговорноста му припадна на големото засилување од Арсенал, Алексис Санчез кој доби прилика да го постигне својот првенец во дресот на Јунајтед.

Санчез не беше успешен при ударот од 11 метри, но одбиената топка успеа да ја смести во мрежата со што стави точка на натпреварот.

Останати резултати:

Бурнемоут – Стоук 2:1

Брајтон – Вест Хем 3:1

Лестер – Свонси 1:1

ВБА – Саутемптон 2:3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани го чувал Кејн за потенцијални 120 минути против Реал Мадрид!?

Хари Кејн е клучен играч на Баерн Минхен и Венсан Компани не сака ништо да остави на случа…