Ако во нешто одлично се снаоѓа вереницата од фудбалерскиот ас Кристиано Роналдо, заводливата Георгина Родригез, тоа се раскошот и модниот луксуз.
Убавицата на Инстаграм се пофали со фотографија пред приватен хеликоптерот, со кој заедно со Роналдо и семејството отпатуваа на одмор во Грција.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?

Фудбалерот на Јувентус одбра една од најубавите дестинации за одмор кај нашиот јужен сосед, во луксузниот дел на полуостровот Коста Наварино.

Според она што го пишуваат медиумите, Роналдо и неговата поубава половина за еден ден во луксузната вила плаќаат 8.000 евра. Најавен бил престој од 7 дена за кој фудбалерот ќе плати 56.000 евра.