Дома Топ вести (Видео) Роналдо приреди ШОК во Мадрид: Сакам НАЗАД во Англија!

(Видео) Роналдо приреди ШОК во Мадрид: Сакам НАЗАД во Англија!

Најдобриот фудбалер на светот Кристиано Роналдо на судењето за затајување на данок призна дека сака да се врати во Англија.

Напаѓачот на Реал Мадрид се обвинува дека затаил скоро 15 милиони евра данок, поради што во текот на летото на големо се пишуваше за негово заминување од Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Португалецот беше на мета на ПСЖ и поранешниот клуб Манчестер Јунајтед, но одлучи да остане во клубот.

Меѓутоа истрагата под која се наоѓа, како и суспензијата од пет натпревари поради туркањето на судијата во Суперкупот на Шпанија, влијаеше тој да се сомнева во својата одлука.

„Никогаш не сум имал вакви проблеми во Англија и токму поради тоа сакам да се вратам таму“, изјави Роналдо на судењето.

На основа на истрагата на даночните инспектори против Роналдо е започната постапка и се обвинува дека од 2011 до 2014 надвор од Шпанија имал тајна сметка на која ја криел заработката од приходите на продажбата на неговите фотографии.

Начинот на кој наводно Роналдо ја измамил државата го откри германскиот весник „Шпигл“ во соработка со организацијата „Фудбал Ликс“, која се занимава со откривање на договори во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флуминенсе го надмудри Ал-Хилал и стана првиот полуфиналист на СП

Флуминенсе победи со 2:1 над Ал-Хилал и на тој начин стана првиот полуфиналист на Светскио…