Реал направи голем чекор кон пласманот во ново финале, во Лигата на шампионите, откако во првиот полуфинален натпревар го победи градскиот ривал Атлетико со 3:0.
Херој на „кралевите“ и овој пат беше Кристиано Роналдо кој постигна три гола. Почетните десет минути навестија возбудлив и содржаен натпревар помеѓу градските ривали. Карвахал во раната фаза креираше шанса за Бензема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот гол беше постигнат во десеттата минута, по нафрлувањето на Каземиро Роналдо го совлада Облак, но на голот му претходеше офсајд позиција во која се наоѓаше Португалецот.
За разлика од првиот, вториот дел започна во бавно темпо. Реал ја примени тактиката од минаотсезонското финале, му ја остави топката на Атлетико, а шансите ги бараше во брзата транзиција. Караско и Коке се обидоа но нивните удари беа непрецизни. Во последните 15 минути повторно на сцена стапи Кристиано Роналдо.
Најпрвин во 73 минута ја искористи недоволно решителната интервенција на Фелипе Луис и ја закова топката во голот на Атлетико, а во 86 минута ја искористи асистенцијата на Лукас Васкез за да го комплетира „хет трикот“.