Дома Останати Тенис ВИДЕО Публиката го провоцираше Ѓоковиќ пред сервисот. Погледнете како реагираше кога доби поен

ВИДЕО Публиката го провоцираше Ѓоковиќ пред сервисот. Погледнете како реагираше кога доби поен

Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот откако во Малага ја совлада селекцијата на Велика Британија со 2:0.

Првиот бод за Србите го донесе Миомир Кечмановиќ кој беше подобар од Џек Дрејпер со 7:6, 7:6, а вториот Новак Ѓоковиќ кој лесно го совлада Камерон Нори со 6:4, 6:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тенисерот број еден во светот имаше многу повеќе проблеми со публиката, особено на крајот од првиот сет.

Додека сервираше за сет при водство од 40:0, беше прекинат од навивачи од трибините.

Судијата неколку пати се обиде да ги смири, но тие продолжија, по што Ѓоковиќ конечно почна да сервира.

Откако го освои поенот се сврте кон трибините гестикулирајќи како да не ги слуша.

После тоа, тој се насмеа и седна на клупата под аплауз на делот од публиката што беше на негова страна.

Целата ситуација погледнете ја ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…