Дома Фудбал ВИДЕО Паненката на Серхио Рамос за историја во Лигата на шампионите

ВИДЕО Паненката на Серхио Рамос за историја во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Севиља нема да ја бранат титулата во Лигата на Европа, бидејќи во натпреварот од последното 6. коло од групата Б на Лигата на шампионите загубија на гостувањето кај Ленс со 1:2 во директен дуел за третото место кое води во Лига Европа.

Европското патување сезонава го завршија на последното место со само два освоени бода.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Севиља и беше потребна победа во Ленс за да скокне на третото место во групата и да се пресели во Лига Европа, додека на домаќините им беше доволен бод.

Кога Франковски (63-11м) го доведе Ленс во водство од пенал, задачата на Севиља стана многу потешка, но Серхио Рамос (80-11м) израмни на 1:1.

Видеото погледнете го ТУКА

Рамос со паненка го измами голманот на Ленс, а потоа во желба што побрзо да дојде до топката, со копачката го удри Самба по рацете, за што доби жолт картон.

Овој гол беше 17-ти за Рамос во Лигата на шампионите, престигнувајќи го Жерар Пике (16) на листата на најдобри стрелци меѓу дефанзивците во историјата на Лигата на шампионите. На третото место е Роберто Карлос со 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…