Дома Фудбал Останато Видео: Одбраната и натпреварот на кои Џанлуиџи Буфон секогаш ќе се сеќава

Видео: Одбраната и натпреварот на кои Џанлуиџи Буфон секогаш ќе се сеќава

Според најавите, легендарниот Џанлуиџи Буфон на крајот од сезоната ќе ја заврши својата блескава кариера.

Буфон долги години е еден од најважните играчи на „старата дама“, а од наредната многу веројатно како прв голман на Јувентус ќе го гледаме Војчех Шчесни, кој оваа сезона е резерва на Буфон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Легендарниот Италијанец во својата кариера имаше безброј сепктакуларни одбрани, но откри на кои секогаш ќе се сеќава.

„Се сеќавам на одбраната на ударот со глава на Инзаги во финалето од Лигата на шампионите, се сеќавам и на онаа против Њукасл. Кога ќе се пензионирам сигурно ќе ги изгледам сите натпревари на кои сум бранел“, изјави Буфон.

Буфон потоа го откри и омилениот натпревар, но и овој пат не можеше да се одлучи за еден.

„Без дилеми тоа е натпреварот против Германија на Светското првенство во 2006 година. Исто така со задоволство се сеќавам на натпреварот против Реал Мадрид во 2003 година, но и на дебито против Милан“, истакна Буфон.

Популарниот Џиџи во професионалната кариера бранеше на повеќе од 1000 натпревари, покрај Јувентус играше и за Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија губи во Разград: Лудогорец за само 10 минути ја проби мрежата на македонскиот шампион (Видео)

Лудогорец рано стигна до предност против Шкендија во плеј-офот од Лигата на Европа, поведу…