Дома Фудбал Англија Видео: Новогодишни празници – Ливерпул “фрла петарди“

Видео: Новогодишни празници – Ливерпул “фрла петарди“

Натпреварот беше таков каков што посакуваше Клоп, Свонси денеска немаше никакви шанси.

Ливерпул после денешниот натпревар стана екипа која постигнала најмногу погодоци во ПЛ после првопласираниот Манчестер Сити.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фантастичниот, убиствен напад на Ливерпул денеска беше на највисоко ниво, фудбалерите на Свонси немаа начин како да ги запрат Кутињо, Салах и Фирмино. Црвените остварија висока победа со 5:0.

Веќе после шест минути игра видовме погодок, Кутињо беше стрелец по асистенција на Салах , топката одеше толку брзо да голманот на Свонси немаше шанси да реагира. Прекрасен погодок за рано водство на Ливерпул.

Ливерпул продолжи да напаѓа, беше подобар тим на теренот, имаше иницијатива до крајот на полувремето, шанса преку Фирмино на самиот кра, но мрежата на голот на Свонси остана да мирува до крајот на првиот дел.

Во вториот дел, Ливерпул повторно почна надмоќно. По една одлична нафрлена топка од Кутињо, грешка на противничката одбрана Фирмино искористува и му носи на Ливерпул водство со 2:0.

Во продолжение, Салах се најде во неколку шанси за 3:0, но без реализација. Во 65. минута од натпреварот по една одбиена топка Александер Арнолд со силен прецизен удар носи нова радост на Енфилд.

Нормално, Ливерпул кога го разиграте, а до крајот на натпреварот имате уште 25 минути, не предстои ништо друго туку да примите уште голови и да бидете спремни на уште.

Во 66. минута продор по десната страна на Мохамед Салах кој беше несебичен и асистираше кон Фирмино, на кој не му беше тешко да ја спроведе топката кон празната мрежа.

83. минута а Ливерпул не знае за доста. Окс Чемберлејн беше најснаодлив во шеснаесетерецот и става точка на натпреварот.

Податокот дека Мињоле својата прва озбилна интервенција ја имаше во последната секунда од натпреварот доволно говори за односот на силите денеска на Енфилд.

Ливерпул со оваа победа се враќа на 4. позиција на табелата со 38. бодови, со 4 помалку од Челси, 5 од Јунајтед и 17 зад Манчестер Сити. Свонси, од друга страна, закован на дното, останува на само 13 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…