Дома Фудбал Видео: Новиот стадион на Атлетико е ремек-дело!

Видео: Новиот стадион на Атлетико е ремек-дело!

Атлетико Мадрид денес на официјална презентација го претстави името на новиот стадион, кој ќе биде иден дом на „јорганџиите“ од следната сезона.

Челниците на клубот го претставија договорот со кинеската компанија „Ванда Груп“, по која ќе се вика стадионот, а за да се задржи континуитетот додадено е името Метрополитано, па целосното име „Ванда Метрополитано“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Денес го преживуваме еден од најславните денови на нашиот клуб. Горди сме на успесите кои ги постигнавме во последните години. Ќе добиеме нов дом, но нема да ги заборавиме нашите стари стадиони: Ретиро, О’Донел, Метрополитано и нашиот сакан Винсенте Калдерон. Чекор по чекор дојдевме до овде каде што сме сега. Ова е многу важен чекор за понатамошното развивање на клубот“, истака претседателот Енрике Серезо.

Новиот стадион на Атлетико ќе има 70.000 места и ќе биде еден од најмодерните и најубави стадиони во Европа, па и во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…