Дома Фудбал Останато (Видео) Нејмар си поигруваше, Кавани и Мота погодуваа – ПСЖ до нова победа

(Видео) Нејмар си поигруваше, Кавани и Мота погодуваа – ПСЖ до нова победа

Скапоцениот на тим на ПСЖ и понатаму не дозволува изненадувања во француската Лига 1, нов жртва беше тимот на Сент Етјен.

Клубот од Париз беше домаќин на тимот на Сент Етјен кој го совлада со 3:0, а стрелци на головите на „Паркот на принцовите“ беа Едисон Кавани и Тијаго Мота. Уругваецот Кавани погоди од пенал во 20 минута од средбата, за предност на домаќините на полувремето. Интересно е што тоа беше и единствениот шут на ПСЖ кон противничкиот гол во првиот дел.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во вториот дел тимот на Унаи Емери заигра далеку подобро, а добрата игра се исплатеше во 51 минута кога Тијаго Мота успеа да се запише во листата на стрелци. Најскапиот фудбалер во историјата Бразилецот, Нејмар не успеа да се запише во листата на стрелци на овој натпревар, но продолжи да си поигрува со противничките дефанзивци. Конечните 3:0 ги постави Кавани со својот втор гол во финишот од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул би можел да направи 10 трансфери по ангажирањето на Уго Екитике

Ливерпул се чини дека ќе го дочека Уго Екитике на Енфилд откако наводно постигнале договор…